48. Вие сте сведоци на тоа;
49. а еве, Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Татко; а вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора!”
50. И ги изведе до Витанија; ги подигна Своите раце и ги благослови.
51. И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небо.
52. А тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53. И беа постојано во Храмот фалејќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!