Лука 24:32-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. И си рекоа еден на друг: „Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата?”

33. И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив,

34. кои зборуваа: „Господ навистина воскресна; му се јавил на Симона!”

35. А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот.

36. И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: „Мир вам!”

37. А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух.

Лука 24