19. И им рече: „Што?” А тие Му рекоа: „Она што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк силен на дело и во словото, пред Бога и пред целиот народ:
20. како нашите свештенички главатари и старешини Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа,
21. А ние се надевавме дека е Тој Оној, Кој ќе го избави Израел. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова.
22. А нè збунија и некои жени од нашите, кои биле многу рано на гробот,
23. и не го нашле Неговото тело; дојдоа и кажаа дека виделе и појава на ангели, кои им рекле дека Тој е жив.
24. Некои од нашите отидоа до гробот и најдоа како што рекоа жените, но Него не Го виделе.”
25. И Тој им рече: „О неразумни и спори во срце, за да верувате во сè што рекле пророците!
26. Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава?”