Лука 23:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Но тие навалуваа со голема викотница и бараа да биде распнат; а викањето на нив и на свештеничките главатари беше сè посилно.

24. Тогаш Пилат одлучи да го исполни нивното барање.

25. И им го пушти оној, кого го бараа, а кој беше фрлен во темница заради бунт и убиство; а Исуса им Го предаде на нивна волја.

26. И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса.

Лука 23