Лука 22:52-54 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

52. Тогаш Исус им рече на оние, кои се кренаа против Него - на свештеничките главатари, на началниците на Храмот и на старешините: „Излеговте како на разбојник со мечеви и стапови!

53. Кога бев, секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!”

54. А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на првосвештеникот. Петар одеше по Него оддалеку.

Лука 22