Лука 22:35-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Уште им рече: „Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?” А тие рекоа: „Ништо!”

36. И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч;

37. зашто ви велам, дека треба да се изврши на Мене што е напишано: „И Го вброија меѓу злочинци!” Имено, она што е пишано за Мене - се исполнува.”

38. А тие Му рекоа: „Господи, еве тука има два меча!” А Тој им рече: „Доста е!”

Лука 22