Лука 22:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот.

3. Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариотски, еден од бројот на Дванаесетмината.

4. Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го предаде.

5. И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници.

6. И тој се согласи и бараше згодна прилика за да им Го предаде, кога таму не ќе биде народот.

7. И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне.

Лука 22