Лука 21:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава.

28. А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги главите, зашто се приближи вашето избавување.”

29. Потоа им кажа парабола: „Погледајте ги смоквата и сите дрвја;

30. кога ќе видите дека развиваат, сами знаете дека летото е веќе близу.

31. Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото Царство е близу!

32. Вистина ви велам, дека ова поколение нема да помине, додека сè ова не се збидне.

Лука 21