Лука 21:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. ”А кога ќе го видите Ерусалим дека е опколен од војски, знајте дека е близу неговото запустување.

21. Тогаш оние, кои се во Јудеја нека бегаат во планините; а кои се во градот нека излезат надвор; а кои се во полето, нека не влегуваат во градот!

22. Зашто тоа се дни на одмазда, за да се исполни сè што е напишано!

23. Горко им на бремените и на доилките во тие дни, зашто ќе има голема неволја во земјата и гнев врз овој народ.

Лука 21