Лука 20:35-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. а кои ќе се удостојат да го добијат оној век и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат.

36. Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението.

37. А дека мртвите стануваат, тоа и Мојсеј го кажа на местото при капината, каде Го нарече Господа: „Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.”

38. А Бог не е на мртвите, туку на живите; зашто во Него сите се живи.”

39. А некои од книжниците во одговор рекоа: „Учителе, добро рече!”

40. И не се осмелија веќе да Го прашаат за нешто.

Лука 20