Лука 2:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и благочестив, кој ја чекаше Израелевата утеха; и Светиот Дух беше над него.

26. Нему Светиот Дух му прорече дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов.

27. И вдахновен од Светиот Дух дојде во Храмот; и кога родителите Го внесоа Детенцето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот,

28. Го зеде на своите раце, Го благослови Бога и рече:

Лука 2