Лука 19:32-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. А испратените отидоа и најдоа како што им рече;

33. и кога го одврзуваа ослето, неговите стопани им рекоа: „Зошто го одврзувате ослето?”

34. А тие рекоа: „На Господа Му е потребно!”

35. И го доведоа пред Исуса и ги ставија врз ослето своите облеки, и Го кренаа Исуса.

36. А кога одеше, ги постилаа своите облеки по патот.

37. И кога веќе наближуваше до стрмнината на Маслиновата Гора, целото множество ученици почна радосно и гласно да Го прославува Бога, за сите чудеса што ги видоа,

Лука 19