Лука 17:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Зар ќе му благодари на слугата, што ја исполнил заповедта?

10. Така и вие, кога исполнивте сè што ви е заповедано, речете: ‘Ние сме неполезни слуги; зашто го извршивме она, што бевме должни да го извршиме.’”

11. И кога одеше за Ерусалим, поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.

12. И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа подалеку

13. и го поткренаа гласот, велејќи: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!”

14. А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!” И се очистија додека одеа.

Лука 17