Лука 16:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. А тој рече: ‘Тогаш, те молам, татко, испрати го во куќата на татка ми;

28. зашто имам петмина браќа, нека им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маки!’

29. А Авраам рече: ‘Ги имаат Мојсеја и Пророците, нека ги слушаат нив!’

30. Тој пак рече: ‘Не, татко, Аврааме! Но ако некој од мртвите отиде при нив, ќе се покајат.’

31. Му рече: ‘Ако не ги слушаат Мојсеја и Пророците, нема да ги придобие ни оној, кој воскреснал од мртвите.’”

Лука 16