Лука 16:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Освен тоа, меѓу нас и вас поставена е голема бездна, така што ни оние кои би сакале да преминат оттука при вас - не можат; ниту пак да преминат оттаму при нас.’

27. А тој рече: ‘Тогаш, те молам, татко, испрати го во куќата на татка ми;

28. зашто имам петмина браќа, нека им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маки!’

29. А Авраам рече: ‘Ги имаат Мојсеја и Пророците, нека ги слушаат нив!’

Лука 16