Лука 14:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и повика мнозина.

17. А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сè е готово!’

18. И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’

19. Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’

Лука 14