Лука 14:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога еднаш во саботен ден влезе во куќата на некој фарисејски старешина, за да јаде леб, тие Го набљудуваа Него.

2. И ете, пред Него беше еден човек, кој страдаше од водена болест.

3. И Исус проговори и им рече на закониците и фарисеите: „Дозволено ли е да се лекува во сабота или не?”

Лука 14