5. Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”
6. Ја кажа и оваа парабола: „Некој имаше посадено смоква во своето лозје; и дојде да побара плод на неа, но не најде.
7. Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?”
8. Но тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам;
9. па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.”
10. А кога поучуваше во сабота, во една синагога,
11. ете, таму беше една жена, која осумнаесет години имаше дух, предизвикувач на болеста; и беше згрчена и не можеше да се исправи.
12. Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено, ослободена си од својата болест.”
13. И ги стави рацете врз неа, а таа се исправи веднаш и Го славеше Бога.
14. А настојникот на синагогата негодуваше, дека Исус исцели во сабота и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи! Во тие дни доаѓајте и лекувајте се! А не во саботен ден!”
15. Но Господ во одговор му рече: „Лицемери! Не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16. А оваа Авраамова ќерка, која сатаната ја врзал веќе осумнаесет години; не требаше ли да биде одврзана од оваа врска во саботен ден?”
17. А кога го рече тоа, се засрамија сите Негови противници; а целиот народ им се радуваше на сите славни дела, што ги изврши.
18. Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам?
19. Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.”