Лука 13:24-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.

25. Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”

26. Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”

27. А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!”

28. Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор.

29. И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство.

Лука 13