Лука 13:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:

24. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.

25. Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”

26. Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”

27. А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!”

28. Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор.

Лука 13