16. А оваа Авраамова ќерка, која сатаната ја врзал веќе осумнаесет години; не требаше ли да биде одврзана од оваа врска во саботен ден?”
17. А кога го рече тоа, се засрамија сите Негови противници; а целиот народ им се радуваше на сите славни дела, што ги изврши.
18. Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам?
19. Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.”
20. И пак рече: „Со што да го споредам Божјото Царство?
21. Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.”
22. И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше.
23. А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:
24. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.
25. Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”
26. Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”