14. А настојникот на синагогата негодуваше, дека Исус исцели во сабота и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи! Во тие дни доаѓајте и лекувајте се! А не во саботен ден!”
15. Но Господ во одговор му рече: „Лицемери! Не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16. А оваа Авраамова ќерка, која сатаната ја врзал веќе осумнаесет години; не требаше ли да биде одврзана од оваа врска во саботен ден?”
17. А кога го рече тоа, се засрамија сите Негови противници; а целиот народ им се радуваше на сите славни дела, што ги изврши.
18. Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам?
19. Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.”
20. И пак рече: „Со што да го споредам Божјото Царство?
21. Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.”
22. И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше.
23. А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:
24. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.