Лука 12:56-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

56. Лицемери! Умеете да го протолкувате лицето на небото и земјата; како тогаш не го препознавате ова време?

57. А зошто сами од себе не судите што е право?

58. Зашто, кога одиш со својот противник кај главатарот, погрижи се уште патем да се ослободиш од него, за да не те предаде пред судијата, а судијата да те предаде на судскиот служител, а служителот да те фрли во темница.

59. Ти велам, нема да излезеш оттаму, додека не ја дадеш и последната лепта.”

Лука 12