Лука 12:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. И така, не барајте што ќе јадете и што ќе пиете; и не се вознемирувајте со грижи!

30. Сето тоа го бараат народите на светот, а вашиот Татко знае дека тоа ви е потребно.

31. Туку барајте го Неговото Царство, а тоа ќе ви се придаде!

32. Не бој се мало стадо, зашто вашиот Татко благоволи да ви го даде Царството.

33. Продајте го својот имот и дајте го како милостина! Направете си торби, што не изветвуваат: неисцрпно сокровиште на небесата, каде крадец не се приближува, ниту молец изедува,

Лука 12