Лука 12:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А Тој му рече: „Човеку - кој Ме поставил Мене судија или делител над вас?”

15. И им рече: „Внимавајте и чувајте се од секое користољубие, зашто животот на човекот не се состои во изобилството на неговиот имот!”

16. И им кажа и парабола, велејќи: „Нивата на еден богат човек роди многу плод.

17. И размислуваше во себеси вака: ‘Што да правам, зашто немам каде да ги соберам своите плодови?’

18. И рече: ‘Вака ќе направам - ќе ги разурнам своите житници и ќе изградам поголеми, и таму ќе ги соберам сето свое жито и сите свои добра.

Лука 12