Лука 11:34-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Светило на телото е твоето око. Ако твоето око е бистро - целото твое тело е осветлено; ако пак е зло, во мрак е и твоето тело.

35. Затоа внимавај светлината што е во тебе - да не биде темнина!

36. Ако целото твое тело е осветлено, без да има темен дел, тоа ќе биде целото осветлено, како кога светилката те осветлува со своето светење.”

37. И додека Тој зборуваше, еден фарисеј Го помоли да руча кај него; Тој влезе и седна.

Лука 11