Лука 11:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Но кога ќе дојде посилен од него и го совлада, му го одзема оружјето, на кое се надевал, и ќе го раздели ограбеното од него.

23. Кој не е со Мене, тој е против Мене и кој не собира со Мене, тој растура!

24. Кога нечист дух ќе излезе од човекот, тој скита по безводни места и бара спокојство. И кога не ќе го најде, вели: ‘Ќе се вратам во својот дом, од каде излегов.’

25. И кога ќе дојде, го наоѓа изметен и среден.

26. Тогаш оди и зема седум други демони, полоши од себе, па кога ќе влезат - живеат таму и последната состојба на оној човек станува полоша од првата.”

Лука 11