Лука 10:35-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.”

36. Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?”

37. Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.” Исус му рече: „Оди и ти прави така.”

38. И кога одеа, влезе во едно село, некоја жена, по име Марта, Го прими во својот дом.

39. А таа имаше сестра, по име Марија, која седна при нозете на Господа и го слушаше Неговото слово.

Лука 10