Лука 10:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој ве отфрла вас, Мене Ме отфрла; а кој Ме отфрла Мене, Го отфрла Оној, Кој Ме пратил.”

17. А седумдесетте се вратија со радост и рекоа: „Господи, и нечистите духови ни се покоруваат во Твое име.”

18. А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња!

19. Ете, ви давам власт да газите на змии и на скорпии и над секоја непријателска сила, и ништо нема да ви напакости.

Лука 10