Лука 1:66-76 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

66. и сите, кои чуја, го примија тоа во своите срца, велејќи: „Што ќе биде од ова дете?” Зашто Господовата рака беше со него.

67. А татко му Захарија се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, велејќи:

68. ”Благословен е Господ, Израелевиот Бог, зашто го посети и го искупи Својот народ;

69. и ни издигна рог за спасение во домот на Својот служител Давид;

70. како што вети од стари времиња: преку устата на Своите пророци:

71. Спасение од нашите непријатели и од рацете на сите, кои нè мразат,

72. за да ја пројави милоста над нашите татковци и да се сети на Својот свет Завет,

73. за заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде

74. да Му служиме без страв, избавени од рацете на непријателите;

75. во светост и праведност пред Него, во сите наши дни.

76. А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Сèвишниот, зашто ќе одиш пред Господа, за да Му ги приготвиш Неговите патишта,

Лука 1