Лука 1:48-54 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

48. зашто ја погледна смиреноста на Својата слугинка. И ете! Отсега сите родови ќе ме наречуваат блажена,

49. зашто Силниот изврши големи дела за мене и Неговото име е свето,

50. и Неговата милост од род до род, за оние, кои се бојат од Него.

51. Со Својата рака направи силни дела: ги распрсна горделивите во мислите на нивните срца,

52. ги симна владетелите од престолите, а ги воздигна смирените,

53. гладните ги насити со блага, а богатите ги отпушти празни;

54. го прифати Израел, Својот слуга, да си спомни на милоста,

Лука 1