26. А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,
27. при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.
28. И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!”
29. Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа?
30. Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
31. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
32. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.
33. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”
34. А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?”
35. Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.
36. И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна.
37. Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.”
38. Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!” И ангелот си отиде од неа.