Лука 1:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,

27. при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.

28. И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!”

29. Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа?

30. Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.

31. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.

Лука 1