Лука 1:25-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. ”Ова ми стори Господ во деновите кога погледна на мене, за да го отстрани мојот срам меѓу луѓето.”

26. А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,

27. при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.

28. И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!”

29. Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа?

30. Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.

31. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.

32. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.

33. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”

34. А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?”

35. Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.

36. И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна.

37. Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.”

38. Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!” И ангелот си отиде од неа.

39. Во тие дни, Марија стана и отиде набргу во планинскиот крај, во еден Јудин град.

40. Влезе во куќата на Захарија и ја поздрави Елисавета.

41. И штом Елисавета го чу поздравот од Марија, младенецот и заигра во утробата, а Елисавета се исполни со Светиот Дух.

42. И извика гласно и рече: „Благословена си ти меѓу жените! И благословен е плодот на твојата утроба!

43. И откаде ми е тоа, мајката на мојот Господ да дојде при мене?

44. Зашто, ете, кога гласот на твојот поздрав дојде до моите уши, младенецот заигра од радост во мојата утроба.

Лука 1