Левит (3 Moj.) 9:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.

12. И закла паленица, од која Ароновите синови му ја подадоа крвта. Тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.

13. Му ја дадоа и паленицата, дел по дел, а така и главата, и тој ја изгоре на жртвеникот.

14. Ги изми внатрешноста и нозете, па и нив ги изгоре на жртвеникот над паленицата.

15. Потоа принесе принос од народот. Го зеде јарецот за грев што е за народот, го закла и го принесе како жртва за грев, како и поранешната.

16. И принесе паленица и ја принесе според уставот.

17. И принесе лебен принос, ја наполни раката од него и го изгоре на жртвеникот врз утринската паленица.

18. Потоа закла јунец и овен како помирителна жртва од народот. Ароновите синови му ја подадоа крвта, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;

19. му го дадоа и лојот од јунецот и од овенот, опашката, лојот околу внатрешноста, бубрезите и мрежичката на црниот дроб.

Левит (3 Moj.) 9