10. А лојот, бубрезите и мрежичката на црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
11. Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.
12. И закла паленица, од која Ароновите синови му ја подадоа крвта. Тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.
13. Му ја дадоа и паленицата, дел по дел, а така и главата, и тој ја изгоре на жртвеникот.
14. Ги изми внатрешноста и нозете, па и нив ги изгоре на жртвеникот над паленицата.
15. Потоа принесе принос од народот. Го зеде јарецот за грев што е за народот, го закла и го принесе како жртва за грев, како и поранешната.
16. И принесе паленица и ја принесе според уставот.
17. И принесе лебен принос, ја наполни раката од него и го изгоре на жртвеникот врз утринската паленица.