7. Го облече во облека, го препаша со појас, го наметна со наметка и му стави ефод (наплеќник). Потоа го опаша со ткаенината на наплеќникот и со неа го пристегна наплеќникот до него.
8. Му стави врзградник, а во врзградникот ги вметна Уримот и Тумимот.
9. На главата му сложи митра (капа), а однапред на капата закачи златна плочичка - свет венец - како што Господ му нареди на Мојсеја.
10. Потоа Мојсеј го зеде маслото за помазание и ги помаза Шаторот на средбата и сè што е во него, за да ги освети.
11. Седумпати го попрска со него жртвеникот па ги помаза жртвеникот и сиот негов прибор, мијалникот со неговото подножје, за да ги освети.