Левит (3 Moj.) 8:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Мојсеј го закла, ја зеде неговата крв и ја стави на крајот на Ароновото десно уво, на палецот на неговата десна рака и на големиот прст на неговата десна нога.

24. Потоа Мојсеј ги доведе Ароновите синови, па им стави од истата крв на крајот на нивното десно уво, на палецот на десната рака и на големиот прст на десната нога.

25. Па ги зеде: лојот, опашката, лојот што беше околу внатрешноста, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој - и десната плешка;

26. а од кошницата со пресни бесквасни лебови, што стоеше пред Господа, зеде една бесквасна погача, една кора со масло и еден колак и ги постави врз лојот и десната плешка.

Левит (3 Moj.) 8