Левит (3 Moj.) 8:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Откако го исече овенот на делови, Мојсеј ги изгоре главата, деловите и лојот.

21. Во вода ги изми внатрешноста и нозете па го изгоре целиот овен на жртвеникот. Тоа е паленица за пријатен мирис - жртва палена на Господа - како што Господ му заповеда на Мојсеја.

22. Потоа доведе друг овен, овен за жртва за посветување. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на овенот.

23. Мојсеј го закла, ја зеде неговата крв и ја стави на крајот на Ароновото десно уво, на палецот на неговата десна рака и на големиот прст на неговата десна нога.

Левит (3 Moj.) 8