3. Потоа нека го принесе сиот лој од неа: опашката, лојот што ја обвива внатрешноста,
4. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката на црниот дроб: нека ја извади и неа со бубрезите!
5. Свештеникот нека ги изгори на жртвеникот како жртва палена на Господа. Тоа е жртва за престап.
6. Секое машко од свештеничкиот род може да јаде од неа. Нека се јаде на свето место - најсвета е!
7. Каква е жртвата за грев, таква е и жртвата за престап, еден е законот за нив: таа му припаѓа на свештеникот, кој врши покривање на гревот со неа.
8. Исто така кожата од жртвата што некој ќе му ја предаде на свештеникот, за да биде принесена како жртва паленица, нека му припадне на свештеникот.
9. Натаму, секој лебен принос што ќе биде печен во печка како и секој што ќе биде зготвен во грне или во сад за пржење, нека му припадне на свештеникот кој го принесува.
10. А секој лебен принос, замесен со масло или насуво, нека им припадне на сите Аронови синови, на еднаков дел!’