Левит (3 Moj.) 7:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Еве го законот за жртва за престап: таа е најсвета!

2. Жртвата за престап нека биде заклана на местото каде ги колат жртвите паленици, а со нејзината крв свештеникот нека го испрска жртвеникот од сите страни.

3. Потоа нека го принесе сиот лој од неа: опашката, лојот што ја обвива внатрешноста,

4. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката на црниот дроб: нека ја извади и неа со бубрезите!

Левит (3 Moj.) 7