5. или она за што се заколнал лажно - нека биде вратено целосно и, додавајќи му петина на тоа, нека му го даде на оној кому што му припаѓа, во истиот ден кога ќе ја сознае својата вина.
6. Потоа на свештеникот за надомест, како принос за престап на Господа, нека му доведе од своето стадо овци еден овен без недостаток, според твоја процена,
7. И свештеникот ќе направи да се покрие вината пред Господа, и ќе му биде простено, што и да сторил, сè, со што станал виновен.”
8. Господ му рече уште на Мојсеја:
9. „Нареди им на Арона и на неговите синови: обредот за жртва паленица е ваков: жртвата паленица нека остане на жарта во жртвеникот цела ноќ до утрото; и оган нека гори непрекратно на жртвеникот.
10. Свештеникот нека облече врз себе ленена кошула, нека навлече ленени гаќи врз своето тело; потоа нека ја собере пепелта во што огнот ја претвори паленицата на жртвеникот, и нека ја остави покрај жртвеникот.