Левит (3 Moj.) 3:5-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Потоа Ароновите синови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со паленицата, што ќе биде врз дрвата на огнот: тоа нека е жртва палена на Господа за пријатен мирис.’

6. ‘Ако некој Му принесува на Господа помирителна жртва од ситниот добиток, нека принесе без недостаток, било машко или женско.

7. Ако принесува јагне како дар, нека го принесе пред Господа.

8. Нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека го заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека ги испрскаат со неговата крв сите четири страни на жртвеникот.

9. Од помирителната жртва нека Му принесат паленица на Господа: лојта, целата опашка слината до ‘рбетникот; лојот што ја обвиткува внатрешноста;

10. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката од црните дробови: нека ја извади и неа со бубрезите.

11. Свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот - како храна на огнот за Господа.’

12. ‘Ако принесува коза, нека ја принесе пред Господа:

13. нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека ја заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови да ги попрскаат со нејзината крв сите четири страни на жртвеникот.

Левит (3 Moj.) 3