Левит (3 Moj.) 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Ако некој принесува помирителна жртва и ако принесе говедо - женско или машко - нека е без недостаток што Му принесува на Господа.

2. Нека ја положи својата рака врз главата на својата жртва и нека ја заколе при влезот на Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги испрскаат со крвта сите страни на жртвеникот.

3. И нека ги принесе од помирителната жртва, како паленица: маста што ја обвиткува внатрешноста, сето сало што е околу внатрешноста;

4. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; и мрежичката што е на црниот дроб; нека ја извади и неа со бубрезите.

Левит (3 Moj.) 3