Левит (3 Moj.) 26:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Пазете ги моите саботи, и Светилиштето Мое да го почитувате. Јас Сум Господ.’

3. ‘Ако живеете според Моите закони, ако ги пазите Моите заповеди и ако ги спроведувате во дело,

4. ќе ви дадам дожд во право време, па земјата ќе раѓа род, а стеблата по полето ќе донесуваат плодови.

5. Вршењето ќе ви го достигнува гроздоберот, а бербата ќе го достигнува сеењето. Ќе јадете свој леб до наситка, и ќе живеете безопасно во вашата земја.

6. Ќе и дадам мир на земјата; така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги отстранам штетните животни од земјата; меч нема да помине низ вашата земја.

7. Ќе ги терате во бегство вашите непријатели, а тие ќе паѓаат пред вас од меч.

8. Петмина од вас ќе тераат во бегство стотина од нив, стотина од вас ќе тераат во бегство десет илјади од нив. Да, вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.

9. Ќе погледам кон вас и ќе направам да сте плодоносни и многубројни, утврдувајќи го Мојот Завет со вас.

10. Ќе се храните со стари минатогодишни жита; и ќе ги исфрлите старите заради новите жита.

11. Ќе го поставам Моето живеалиште меѓу вас, и нема да ве отфрлам;

12. ќе одам меѓу вас и ќе ви бидам Бог, а вие ќе бидете Мој народ.

Левит (3 Moj.) 26