Левит (3 Moj.) 26:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Не правете си идоли; не издигајте си ни кипови ни спомен-столбови; не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.

2. Пазете ги моите саботи, и Светилиштето Мое да го почитувате. Јас Сум Господ.’

3. ‘Ако живеете според Моите закони, ако ги пазите Моите заповеди и ако ги спроведувате во дело,

4. ќе ви дадам дожд во право време, па земјата ќе раѓа род, а стеблата по полето ќе донесуваат плодови.

Левит (3 Moj.) 26