Левит (3 Moj.) 25:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја на Синајската Гора:

2. „Зборувај им на Израелците и кажи им: ‘Кога ќе влезете во земјата што ви ја давам, таа земја нека ја пази Господовата саботна починка.

3. Шест години сеј ја твојата нива, шест години режи го твоето лозје и бери го неговиот плод.

4. А на седмата година и земјата нека ја ужива саботната починка, Господовата сабота: не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје.

Левит (3 Moj.) 25