22. Кога ќе ја жнеете жетвата на вашата земја, не дожневајте ги докрај вашите ниви, ниту собирајте после вашата жетва. Остави им го тоа на бедните и на придојдениците. Јас Сум Господ, ваш Бог.’”
23. Господ му рече на Мојсеја:
24. „Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Во седмиот месец, на првиот ден на месецот, нека ви биде потполн одмор, прогласен со звук на труби, свет собир.
25. Не работите никаква работа и принесете Му жртва на Господа.’”
26. Господ му рече на Мојсеја:
27. „Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето - имајте свето собрание; смирете ги вашите души и принесете Му жртва на Господа.
28. Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.
29. А секоја душа, која не ќе се смири во тој ден, ќе биде истребена од својот народ.
30. А кој би работел некаква работа во тој ден, Јас ќе го истребам него од неговиот народ.
31. Не работите никаква работа; тоа е вечен закон за вашите поколенија, во сите ваши живеалишта.