Левит (3 Moj.) 22:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Никој од Ароновите потомци, кој ќе биде лепрозен или ќе има излив, нека не јаде од светите приноси додека не се очисти. Оној кој ќе се допре до што и да е нечисто од мртво тело или оној од кого ќе излезе семеизлив;

5. оној кој ќе се допре до некаков лазач што го прави нечист; или до човек, од кого може да стане нечист, со каква и да е нечистота;

6. оној кој ќе се допре до нешто такво нека биде нечист до вечерта и нека не јаде од светите приноси додека не го измие своето тело во вода.

7. Штом сонцето ќе зајде, очистен е. Тогаш може да јаде од светите приноси, зашто тоа му е храна.

Левит (3 Moj.) 22