Левит (3 Moj.) 20:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Осветувајте се за да бидете свети, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.

8. Пазете ги Моите закони и исполнувајте ги, зашто Јас Господ ве осветувам вас.

9. Кој ќе го проколне татка си или мајка си, нека биде погубен. Зашто ги проколна татка си и мајка си, неговата крв нека падне на него.’

10. ‘Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.

Левит (3 Moj.) 20